Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Очајни потези на ДУИ“, остар напад кон Ахмети од противниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

„Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично“, велат од коалицијата „Вреди“ составена од албанската опозиција и додаваат:

„Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни. На самоназначените “ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови.

— реклама —

Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ. Ќе биде многу интересно да се гледа “големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници. Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања