Очекувам голем пад на инфлацијата во април, вели Бектеши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Мерките што ги презема Владата за замрзнување на цените ќе имаат свој ефект особено во текот на месец април. Според министерот за економија Крешник Бектеши, тоа ќе влијае на значително намалување на инфлацијата во земјава, изјави во своето синоќешно гостување во телевизија Клан.

— реклама —

„Во месец април ќе има значително намалување на инфлацијата во РСМ... Не ветувам, но сигурен сум. Намалување ќе има и во март, но имајќи предвид дека мерките ќе имаат влијание во текот на месец април, тогаш ќе имаме значително намалување на инфлацијата во Македонија, особено во сегментот за прехранбени производи и енергетика воопшто“, изјави Бектеши.

— реклама —

Според него, во периодот што следи може да се очекуваат повисоки цени на овошјето и зеленчукот, бидејќи нема локално производство.

— реклама —

„Може да се случи да имаме повисоки цени на овошјето и зеленчукот. Зошто се случува ова? Бидејќи во овој временски период РСМ, имајќи ја предвид географската положба за производство на земјоделски производи, нема локално производство на овошје и зеленчук и зависноста од увоз е речиси 100 отсто во текот на месец март“, наведе министерот.

Крешник Бектеши во Клан дебата ги повика сите граѓани да пријават случаи на непочитување на владините одлуки за замрзнување на цените од различни трговци

Тој вели дека инспекторите се постојано на терен, но не ја исклучува можноста како и во минатото да има случаи разни трговци да го прекршат решението и да продолжат со високите цени на прехранбените или непрехранбените производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања