Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од пред Владата кажа дека понижување и пораз е францускиот предлог. Тој очекува Владата да се вразуми и да го послуша народот, кој според Ковачки, е да се отфрли предлогот.
„Предлогот кој Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Овој предлог е штетен за Македонија, води кон две сценарија. Едното е вечно преговарање, другото е асимилација. Рамката содржи протоколи односно годишни извештаи во кои Бугарија ќе влијае за менување на исторски факти, учебници, прашања од македонскиот идентитет“, посочи Ковачки.
Ковачки повика Ковачевски да ги прифати и четирите точки кои се спорни за ВМРО-ДПМНЕ да ги измени. Протестите продолжуваат во 19 часот.