Промени тема
Контакт

„Очигледно беа успешни и тргнаа побајаги дрога од улица па на некој му присметаа“: Адвокатот Пешевски за полициските службеници по случајот со натепаните момчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycljpjjjiba4s5XVwd73

Адвокатот Драган Пешевски јавно ги поддржа полициските службеници кои се најдоа на удар на критики и напади по случајот со нападот на две млади лица од страна на полицајци, оценувајќи дека станува збор за едни од најуспешните и најчесните екипи што ги познава.

— реклама —

Иако, како што наведува во својата објава, со нив често има спротивставени ставови за различни прашања, Пешевски вели дека мора да ја признае нивната професионалност и сплотеност.

— реклама —

Според него, полициските службеници очигледно постигнале резултати во борбата против дрогата, поради што некому почнале да му пречат. Тој смета дека на случајот најпрво му бил даден етнички контекст за да привлече поголемо внимание.

„Иако сме скоро па секогаш на спротивните страни и немаме исти ставови по многу прашања, морам да признаам дека полициските службеници нападнати од сите страни се една од најуспешните, најкомпактни и најчесни екипи што ги познавам“, наведува Пешевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања