Промени тема
Контакт

Очигледна е политичката агенда на раководството на СОНК, на штета на децата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sonk

Последниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со јасна политичка агенда и уцени кои одат на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, вели СДСМ.

„Тоа го потврдува вчерашното одбивање на раководството на СОНК на предлогот од Владарта за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза и при законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени,.

— реклама —

Согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи дека нема основа за штрајк, односно штрајк пред истекот на овој рок е смислена уцена.

— реклама —

Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту пак родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.

— реклама —

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено поважно е правото на образование на учениците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања