Астрономите пронајдоа вода во атмосферата на планетата што e двојно поголема од планетата Земја, која орбитира во рамки на населива зона на далечна ѕвезда, пренесе Би-би-си.
Со осум пати поголема маса од Земјата и двојно поголема, планетата К2-18б кружи околу својата ѕвезда, а водата на оваа планета може да постои во течен облик, пренесува "Nature Astronomy".
„Во потрагата по знаци на живот, оваа планета е најдобриот кандидат кој го имаме надвор од Сончевиот систем. Засега не можеме да претпоставиме дали има океани на површината, но тоа е реална можност“, изјави Џована Тринети, астрономка од Универзитетот во Лондон .
После повеќе од 4 илјади откриени егзопланети до денес, ова е првата планета за која се знае дека има комбинација на карпеста површина и атмосфера со вода. Повеќето егзопланети со атмосфера се џиновски „топки гас“, а се чини дека бројните карпести планети кои досега се откриени, или немаат воопшто атмосфера, или пак доколку имаат, повеќето од нив кои се слични на Земјата се предалеку од своите ѕвезди за да имат течна вода, или се преблиску, па водата испарува.
д-р Инго Валдман од УЦЛ пак вели дека К2-18б се наоѓа на 111 светлосни години од Земјата, премногу далеку за да испрати сонда. Значи, единствената опција е да почекаме следната генерација на вселенски телескопи да бидат лансирани во 2020-тите и да бараат гасови во атмосферата на планетата што може да ги произведуваат само живи организми,