Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Од 1 април УЈП ќе почне да испраќа претпополнети Годишни даночни пријави на меил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ujp

Граѓаните годинава немаат обврска да пополнуваат годишна даночна пријава и да ја носат во УЈП, но за тоа пак, ќе чекаат даночната листа да им стигне на меил. Упрвата ќе почне да ги испраќа на 1 април и до крајот на месецот сите граѓани ќе треба да добијат во електронска форма пополнета даночна пријава, што ќе се однесува за остварените приходи од 2018 година.

— реклама —

Но што треба да прават граѓаните откако ќе ја добијат на меил? Пријавите ќе пристигнуваат на електронската пошта што граѓаните ја пријавиле при регистрацијата на електронскиот систем. Пријавите ќе пристигнат преку електронскиот систем e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 30 април. Потоа корисникот најдоцна до 31 мај треба да ја потврди или да ја корегира даночната пријава.

Инаку годинава за прв пат граѓаните имаат ваква можност, бидејќи до минатата година тие своите даночни пријави ги поднесуваа на шалтерите на УЈП, при што пред истекот на рокот се правеа големи гужви, а сега товарот нема да биде на граѓаните туку на Управата за јавни приходи.

— реклама —

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Доколку како граѓанин, во текот на 2018 година, сте оствариле приходи по основ на плата, или приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или сте оствариле хонорар по основ на авторски договор, сте учествувале во наградна игра и сте оствариле добивка над 5000 денари или пак сте оствариле добивка од посебни игри на среќа (во казино, во обложувалница, во автомат клуб), имате обврска податоците за приходите искажани во пополнетата годишна даночна пријава да ги потврдите, доколку се точни, да ја коригирате, дополнувајќи ја – доколку имате остварено приход кој не е искажан односно опфатен во неа или да ја коригирате, доколку за некој од искажаните приходи увидите дека износот не е точен или вистинит.

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања