„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од 1 октомври 2019 година лекови на рецепт - секој ден во месецот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lekovi-apteki

Од утре, 1 октомври 2019 година, осигурениците ќе подигнуваат лекови на рецепт во секој ден во месецот, во секоја аптека која има договор со Фондот.

— реклама —

Oд оваа мерка бенефит ќе имаат сите, иосигурениците и здравствените работници, бидејќи повеќе нема да има потреба од создавање редици во аптеките, а граѓаните ќе немаат потреба да создаваат залихи од лекови во своите домови, затоа што аптеките од 1 октомври 2019 година повеќе немаат квоти за лекови на рецепт.

Осигурениците, лекот ќе може да го добијат во која било аптека и во кое било време, без разлика дали е почеток или крај на месецот.

— реклама —

Исто така, нема да има потреба да се создава метеж кај матичните лекари  за пропишување  рецепти во првите денови од месецот.  Односно, осигурениците ќе може да  се упатат кај својот матичен лекар тогаш кога ќе имаат потреба да им биде пропишан одреден лек.

Осигурените лица може да подигнуваат лекови на товар на Фондот во аптека само со уреден и важечки рецепт за пропишан лек на товар на Фондот и документ за лична идентификација (лична карта или пасош) на увид.

За лицата кои, од било која причина, се спречени, како и за малолетните деца, лековите во аптека може да ги подигнува друго лице, кое ќе приложи документ за лича идентификација.

Доколку во некоја аптека се случи да го нема пропишаниот лек, во таков случај осигурените лица тоа  можат да го пријават  во Фондот за здравствено осигурување и во Агенција за лекови и медицински средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања