Промени тема
Контакт

Од 1 септември повторно забрана за движење во шумите поради опасност од пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
suma-333
Илустрација

Поради зголемената опасност од шумски пожари, од 1 септември повторно стапува во сила целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кое стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Одлуката, донесена со согласност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе важи од 1 до 30 септември 2026 година, во периодот од 00:00 до 24:00 часот.

— реклама —

Забраната се однесува на целата територија со која управува ЈП „Национални шуми“, а движењето ќе биде дозволено само со писмено одобрение, издадено од надлежните подружници на претпријатието.

— реклама —

Од забраната се изземени Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, како и субјектите и лицата кои вршат шумскостопански и други активности поврзани со заштитата на шумите.

За спроведување на забраната се задолжени вработените во ЈП „Национални шуми“ кои вршат заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.

— реклама —

Од претпријатието појаснуваат дека забраната не се однесува на парк-шумите и националните паркови. За условите за движење во овие подрачја, граѓаните треба да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8j9bpqbma51r9sUL9EJ

„Национални шуми“: Откриена и запленета бесправно посечена дрвна маса на Голак

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryqijde50cadgb63SHosR

Нелегална сеча на дабови стебла кај Бакојца

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryr5iqkjfu09sn5Ygt87Q

(Фото) Акции против бесправна сеча: одземени три моторни возила и голема количина дрва

Македонија | пред 6 месеци

media-librarytd8smjlg06obdAd9cdE

ЈП Национални шуми ќе исплаќа регрес во огревно дрво, Трендафилов реагира: Државниот инспекторат за труд да отвори постапка

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања