Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Од 15 јуни со воз до Солун и Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Железници на РМ-Транспорт од 15 јуни повторно ја воведуваат железничката линија од Скопје до Белград и до Солун.

Од Железницата информираат дека до Солун се воведува групната понуда „City Star“ за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје, со која цената на чинење на возниот билет зависи од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу 5 возрасни лица и едно дете.

— реклама —

Според понудата, цената на билетите се намалува со зголемување на групата патници, па така ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари.

— реклама —

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

— реклама —

Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари.

Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз од „Грчки железници“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања