„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Oд 2011 до крајот на 2018 година легализирани 213 илјади дивоградби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Ново законско решение треба да помогне во постапување по нерешените предмети за легализација на дивоградби кои се заглавени со имотно-правни проблеми. По истекот на последниот рок за поднесување нови барања за легализација и комплетирање на предметите на крајот на минатата година, остануваат поделени мислењата околу оправданоста на последното продолжување на рокот, но и за потребата од повторна таква можност, која институциите ја отфрлаат категорично.

— реклама —

Овој процес го проследија и коментари во јавноста за сомнежи дека се злоупотребува законската одредба со приложување задолжителни изјави заверени на нотар дека дивоградбата е изградена пред да стапи во сила првото законско решение за легализација на дивоградби во март 2011 година.

Државата во три наврати, од март 2011 до крајот на 2018 година овозможуваше да се поднесуваат барања за легализација. За неполни осум години во Катастарот се впишани над 213 илјади дивоградби што добиле правен статус, од кои на територијата на Скопје се 68.516, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности. На терен, пак, и натаму главен кочничар за решавање на поднесените барања се нерешени имотно-правни работи.

— реклама —

Работна група за ново законско решение

Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) велат дека со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС побарале и со Министерството за транспорт и врски е договорено да се работи на законско решение за надминување на проблемите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања