Промени тема
Контакт

Од 3 јуни стапуваат на сила нови ограничувања за пловидба на езерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a
Скопје1.мк

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во водниот сообраќај.

Според одлуката, пловидбата на скутери ќе биде ограничена во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, секој ден од 11 до 19 часот.

— реклама —

Дополнително, се воведуваат ограничувања и за пловидбата на чамци. Од 3 јуни до 31 август, чамците нема да смеат да пловат во периодот од 21 до 5 часот. Во септември, ограничувањето ќе важи од 20 до 6 часот, додека во октомври, пловидбата ќе биде забранета од 19 до 6 часот.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека мерката е донесена со цел намалување на ризикот од несреќи, заштита на човечките животи и обезбедување непречено користење на езерските води.

— реклама —

Воедно, најавени се засилени контроли од надлежните служби, а за непочитување на ограничувањата ќе следуваат санкции согласно законските прописи.

— реклама —

Надлежните институции апелираат до сопствениците и управувачите на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на службите задолжени за безбедност на езерата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања