Здружение на рекреативни риболовци Рибарски Приказни од Скопје за првпат во Република Македонија организира Мини Олимпијада во риболов ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ 2019. Мини олимпијадата се организра во чест на страствениот риболовец и Доаејен на македонска глума Ванчо Петрушевски.
Мини олимпијада во риболов „ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ“ 2019 ќе се одржи од 6 до 8 септември 2019 година на Акумулација Козјак на патека во месноста Здуње.
На олимпијадата ќе бидат застапени пет спортски риболовни дисциплини: крап, пливка, мушица, спин и натпревар во подготвување на рибна чорба. Овој настан е отворени за јавноста и секој може бесплатно да го посети.

На олимпијадата ќе земат учество 150 натпреварувачи од Република Македонијашто е најмасовен настан од областа на риболовот воопшто организиран до сега.
Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ“ Скопје има за цел промовирање, унапредување и развој на рекреативниот ,спортскиот риболов и лов. Во рамките на овие заложби ја организира Мини олимпијада во риболов „ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ“ 2019,
Мини олимпијадата ќе биде традиционална и со нејзино организирање секоја година нема да дозволиме да се заборави ликот и делото на еден од најпознатите и талентирани македонски актери и страствен риболовец Ванчо Петрушевски.