Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Од британскиот сој на коронавирус, во земјава почина едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-2

Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија. Веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.   Според сознанија на Дојче веле станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена, објави Курир.

— реклама —

-Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот. Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји. Голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници поради опасноста од овој сој, пишува Дојче веле.

извор:  Курир.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања