Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Oд Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во пресрет на најтешката зима после Втора Светска војна обезбеди доволни количества на храна и електрична енергија за подобри услови за граѓаните и компаниите, вели СДСМ

„Во рамките на посетата на претседателот Ковачевски на Софија, договорено е дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството. Увозот ќе започне во последниот квартал од годината и ќе трае до 31 март.

— реклама —

Со ова се обезбедува електрична енергија за македонското стопанство под подобри услови од берзанските цени. Се формира работна група, која во наредните две недели ќе најде решение за капацитетите и транспортот на електрична енергија.

— реклама —

Државата предводена од СДСМ, од изолирана од меѓународната заедница и со нарушени односи со соседите сега гради регионална соработка, која е од исклучително значење за напредокот, но и за справување со последиците од економската и енергетската криза.

Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“се потпиша договор, со кој ќе се избегне недостаток на основни прехранбени производи во државите членки, Албанија, Србија и Северна Македонија.

— реклама —

Договорот е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.

— реклама —

Со регионална соработка, со здружување и солидарност, СДСМ обезбедува непречено снабдување со храна и електрична енергиија за граѓаните и компаниите, во време на најголемата криза во поновата историја.

СДСМ будно ја следи состојбата и презема навремени и ефикасни мерки за амортизирање на ударот на глобалната економска и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања