Од Црна Гора и Русија до Португалија: Трагедијата со загинатите македонски државјани е најтешка во изминативе 10 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonski-avtobus-bugarija

Автобуската несреќа во која загинаа најмалку 45 лица во Бугарија е најтешката во Европа во последните десет години.

— реклама —

Еве ја листата на најтешките автобуски несреќи во Европа во изминатата деценија.

— реклама —

— реклама —

2019 година

ПОРТУГАЛИЈА: Најмалку 29 германски туристи загинаа на 17 април во автобуска несреќа со педесетина луѓе на португалскиот остров Мадеира. На кривината автобусот излетал во провалија длабока десетина метри.

РУСИЈА: Автобус со околу 40 патници падна во замрзната река во Трансбајкалската област во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица, а 21 лице беа повредени, пренесува net.hr.

-PKOqdvOvog

2018 година

ТУРЦИЈА: Најмалку 17 лица загинаа, а 36 се повредени на 29 март во источна Турција во минибус кој превезувал илегални мигранти од Иран од Пакистан, Авганистан и Иран.

БУГАРИЈА: При силен дожд, туристички автобус излетал од патот и паднал во реката Искар, во близина на Своге на северозападот од земјата. Загинаа 20 лица, а околу дваесет беа повредени. Патниците се враќале од посета на манастирот.

2017 година

ИТАЛИЈА: Унгарски автобус со тинејџери се запали на 21 јануари откако удри во столб на мост на излезот од автопатот кај Верона. Загинаа 16 лица.

ky8hKXQZ6wE

ТУРЦИЈА: Најмалку 23 лица загинаа, а 11 беа тешко повредени на 13 мај на преминот Сакар, планинска област во близина на одморалиштето Мармарис во југозападниот дел на земјата, кога автобус излета од кривина и падна врз друго возило на петнаесет метри подолу.

ГЕРМАНИЈА: Осумнаесет лица загинаа, а 30 се повредени на 3 јули на автопатот во близина на Минберг на југот на земјата кога во сообраќаен метеж автобус удрил во камион пред себе и се самозапалил.

РУСИЈА: Најмалку 17 лица загинаа на 25 август на југот на земјата кога автобус со градежни работници падна во Црното Море од височина од неколку метри. На 6 октомври истата година, воз налета на автобус на железнички премин на околу сто километри источно од Москва. Убиени се 16 лица, главно Узбеци.

2015 година

ФРАНЦИЈА: Четириесет и три лица загинаа на 23 октомври во фронтален судир меѓу камион кој превезувал трупци и автобус кој превезувал пензионери во департманот Жиронд во југозападниот дел на земјата. Двете возила се запалиле, а патниците останале заробени во автобусот.

2014 година

ТУРЦИЈА: Дваесет и едно лице загина, а 26 беа повредени на 23 јануари во центарот на провинцијата Кајсери. Автобусот кој сообраќал на линијата Истанбул-Кајсери се лизнал и излетал од автопатот.

ТУРЦИЈА: Камион-цистерна со течен гас се преврте и експлодираше на 22 јули, при што беа запалени два автобуса и автомобил што се наоѓаа во близина, на автопатот во близина на Дијарбакир на југоистокот на земјата. Загинаа 26 лица.

2013 година

ЦРНА ГОРА: Шеснаесет Романци загинаа, а 31 беа повредени на 23 јуни во Црна Гора во автобуска несреќа во провалија во Грл, на планински пат на околу 30 километри северно од Подгорица.

РУСИЈА: Најмалку 18 лица загинаа во судир на камион и автобус на 13 јули во близина на Москва.

2012 година

ШВАЈЦАРИЈА: Дваесет и осум лица, меѓу кои 22 студенти од Белгија, загинаа на 13 март во автобуска несреќа што удри во ѕид од тунел во близина на Сиера во кантонот Вале на југот на земјата.

2011 година

ТУРЦИЈА: Камион се судри со минибус на 21 декември во провинцијата Дијарбекир, при што загинаа 25 лица, главно студенти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања