Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Од денес до сабота, меѓународен хорски фестивал „Скопје Пее“ (“Skopje Sings”)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Aurin-GIrls-Choir

10 хорови од земјата и странство, на неколку локации низ градот, од денес до сабота со своите изведби ќе им се претстават на Скопје и на скопјани.

Во организација на ЈУ „Универзална сала“, со поддршка на Град Скопје, фестивалот има за цел да ја доближи хорската музика до граѓаните и вљубениците во музиката, на несвојствен начин, поставувајќи ја на улиците и плоштадите во Скопје.

— реклама —

На првиот меѓународен хорски фестивал „Скопје Пее“ (“Skopje Sings”), посетителите ќе можат да чујат извонредни хорски перформанси на класична музика, преку џез и рок ерата, сѐ до современата популарна музика.

Отворањето е закажано за денес со настап на хоровите во 21:00 часот на Школка во Градски Парк, утре (петок, 30.8.) дел од хоровите ќе настапуваат во 20:30 часот, како дел од Културното лето Карпош 2019 на плоштадот „Делфина“, а дел во 21:00 часот во Паркот на езерата, во склоп на Back to School Week настанот, организиран од Општина Аеродром.

— реклама —

„Скопје Пее“ (“Skopje Sings”) ќе го комплетира своето прво издание со свеченото затворање на фестивалот, закажано за 31-ви август (сабота), со настап на сите хорови во Македонската Филхармонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања