Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-123

Околу шеесетина полицајци што ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека полицаец од Унгарија кој бил на служба на границата со Грција, имал позитивен тест на коронавирус.

— реклама —

– Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолација – рече министерот Филипче.

Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања