„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Од денес задолжително носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maska

За заштита од коронавирусот на населението од денес за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

— реклама —

Уредбата за задолжително носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата се донесува заедно со уредбата за намалување на ограничувањето на мерките и е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот. За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот.  Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани, на цела територија на Република Северна Македонија е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи  значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти.

Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

— реклама —

Носењето на на заштитна опрема за покривање на носот и устата мора да биде проследено со зголемена хигиена на раце и граѓаните мора да се многу внимателни како се става, а како се вади прекривката како се манипулира заради тоа што и нечисти раце во надворешна средина при манипулацијата може да предизвикаат инфекција. Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштитата на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е на секој граѓанин. Благодариме што ги почитувате мерките.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања