Промени тема
Контакт

Од денес започнува со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Atina_Bojadzi_04072022005

Од денес започнува со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“, на кој неодамна се изврши реконструкција. На пригодната свеченост свои обраќања пред приустните имаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на ЈП „Блијанини Извори“ , Теодор Андоноски.

— реклама —

– Навистина е неописливо чувството повторно да се слушне детски џагор на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Денеска сме овде присутни да го означиме почетокот на функционирањето на градскиот базен, каде охридските пливачки школи ќе одржуваат часови за најмладите. До овој момент пријавени се околу 300 деца, од кои едни ќе се учат да пливаат, додека други ќе ги усовршуваат пливачките техники. Како Локална самоуправа успеавме за кратко време да го санираме базените, односно да се обојат коритата на олимпискиот и детскиот базен. Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Сето ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови. За прв пат Охрид после 20 години ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање на кое покровител е Општина Охрид. Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство на кое ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултати кои во иднина ќе може да ги користат за добивање стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства. Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Меѓународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“, рече градоначалникот Пецаков.

— реклама —

На крај од своето обраќање, градоночалникот испрати порака до пливачите.

– За крај, како долгогодишен спортист, сакам да испратам една порака до сите оние кои денес за прв пат ќе се сретнат со пливањето, но и до оние поискусните.

— реклама —

„Никогаш, ама никогаш немојте да се плашите да изгубите. Единствен начин да докажете дека сте добри во спортот е да изгубите и со кренати глави да го поднесете поразот. Бидејќи тоа ќе ви укаже каде грешите и каде треба да се подобрите. Надградувајте се постепено и успехот ќе биде неизбежен“, заврши градоначалникот.

— реклама —

Директорот на ЈП „Билјанини извори“ , изрази благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот што пронајдоа можност за краток временски период да се изврши неопходната реконструкција на градскиот базен и им посака успешно фунцкионирање на пливачките школи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања