Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Од денеска на јавна презентација и јавна анкета ДУП Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и ЦС 06 – локалитет Судска палата 2

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
centar-dup

Од денеска Општина Центар го става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2е дефиниран: на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Бул. „Крушевска Република“, на запад по оската на Бул. „Крсте Мисирков“, а на југ по оската на постоечкото речно корито на Вардар. Вкупната површина на планот е 15,53 ха.

— реклама —

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 е дефиниран: на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Ул. „Никола Карев“, на југ по оската на коритото на Вардар, а на запад по оската на Бул. „Крушевска Република“. Вкупната површина на планот е 4,51 ха.

— реклама —

Нацрт плановите за двата ДУП-а ќе бидат изложени во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (Бул. Гоце Делчев бр. 14), а граѓаните ќе можат да ги видат, секој работен ден 08.00 до 16.00 часот, почнувајќи од денеска (17.06.2019) до 28.06.2019. Нацрт плановите можат да се видат и на веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

— реклама —

Јавните презентации по двата нацрт план ќе се одржат на 19.06.2019 часот во Општина Центар (барака 6), со почеток во 13.00, односно 13.30 часот.

Анкетните листови со предлози и забелешки за плановите, граѓаните можат да ги достават во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и/или по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања