Од денеска отворени се сите гранични премини во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од  денеска , среда  17.06 отворени се сите гранични премини во Република Северна Македонија наменети за меѓународен граничен сообраќај при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети.Согласно Одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија :

— реклама —

- МКД државјани можат да остварат непречен излез од РСМ, при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со КОВИД -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање;

- Во Република Северна Македонија  е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен  PCR  тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.

— реклама —

- На влез во Република Северна Македонија , МКД државјани и странци со регулиран привремен и постојан престој кои немаат PCR тест се упатуваат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена ( истите со организиран превоз и полициска придружба се упатуваат во некој од претходно утврдени  објекти).

- странските државјани  можат  да транзитираат низ територијата на РСМ (преку сите копнени гранични премини), под што се подразбира влез на еден граничен премин а излез на друг граничен премин при што имаат обврска при транзитот  да не се исклучуваат  од соодветниот автопат или локален пат и транзит да се реализира за најмногу 5 часа, за што пополнуваат соодветна изјава.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања