Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Од денеска се реконструира булеварот Кочо Рацин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Pocetok-na-rekonstrukcija-na-bul.-Koce-Racin-3

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј.

 

— реклама —

  • Реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин ќе се одвива во наредните 40-тина дена. Продолжуваме да го применуваме истиот принцип на брза и квалитетна работа со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Оваа година градежните работи на главните градски сообраќајници завршуваат во рекордно кратко време, со што се овозможува сообраќајот во нашиот град да се одвива непречено и по реконструирани коловози кои ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот – рече градоначалникот Шилегов на увидот во градежните работи на булеварот Кочо Рацин.

 

Додека траат градежните работи, на булеварот Кочо Рацин ќе се воведе привремен режим на сообраќај. Шилегов апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања