Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Од денеска, секоја прва среда во месецот ќе се организира отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот - барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија.

— реклама —

Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните.

— реклама —

Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: otvoren.den.sovet@skopje.gov.mk.

ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања