Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство, кој беше донесен пред распуштањето на парламентот. Со тоа, престанува важноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, каде вчера вработените го имаа својот последен работен ден.

— реклама —

Со новиот закон се гарантира дека постапките покренати од поранешното Специјалното јавно обвинителство продолжуваат. Според законот, предметите од надлежност на СЈО, кои, пак, се преземени од јавниот обвинител Љубомир Јовески, се распоредуваат по јавните обвинителства за натамошно гонење.

Аудиозаписите и транскриптите од бомбите за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог, односно тие не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката.

— реклама —

Законот предвидува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, да постапува и за најтешките кривични дела како што се перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тероризам, злоупотреба на постапката за јавен повик, како и за кривични дела извршени од организирана група од три или повеќе лица, за кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Најголем дел од предметите покренати од СЈО во себе содржат сомневања дека обвинетите ги сториле овие кривични дела.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања