Од денеска започна грејната сезона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_8162

Од денес, 15 октомври, започна грејната сезона 2024/2025 година за потрошувачите што се приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, управуван од АД ЕСМ.

— реклама —

Како што е наведено во соопштението на ЕСМ, испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од 6 часот до 22 часот, следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот.

„При тоа, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно со стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При точно дефинирани одредени атмосферски услови кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности по направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности се стартува со испорака на топлинска енергија, т.е. централното греење повторно се вклучува.

— реклама —

Од вкупно 62.579 активни потрошувачи што се приклучени на централното греење преку ЕСМ, 61.486 се домаќинства, а 1093 се деловни објекти и институции, додека околу 1980 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

Важно е да потенцираме дека оваа година, првпат споредбено со претходните години бележиме најнизок број на затворени објекти на почетокот на грејната сезона. Ова се должи пред сè на соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новите раководства на компаниите основани од АД ЕСМ, особено ЕСМ Дистрибуција, која имаше клучна улога во продуктивната и постојана комуникација со корисниците“, велат од ЕСМ.

„Додека минатата грејна сезона, во 225 објекти не беа обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, оваа година тој број е двојно помал, односно во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака. Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација.

Ги поттикнуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект е на списокот на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија. Оваа листа е достапна на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

Соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици е од клучно значење за навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија, и во интерес на сите засегнати страни. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100“, соопшти ЕСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате?

Македонија | пред 1 седмица

media-library30pgpamrnv5u7Q1Ec5j

(Видео) Пукната цевка за парно: Прекин на греењето во повеќе скопски општини

Скопје | пред 1 седмица

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Граѓаните ја плаќаат цената за енергетскиот колапс на Владата, ЕСМ во загуба од над 200 милиони евра, вели СДСМ

Македонија | пред 1 месец

elem-esm

ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра испрани преку наместен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања