ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од денеска започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
moj-ddv

Од денеска започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која граѓаните имаат можност секојдневно да добијат една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Од 15 декември со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија.

— реклама —

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари – односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа од 4 по 1.000 денари, 3 по 2.000 денари и 3 по 3.000 денари. Понатаму секој месец ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари или вкупно за цело времетраење на играта 180 награди по 100.000 денари.Има и две главни премии од по 3.000.000 денари.

За да се учествува на наградната игра лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, како и да е корисник на апликацијата МојДДВ. На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда за да прифаќање на условите за учество. Откако ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка лицето може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите.

— реклама —

Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања