„Од денешната седница имаме и лоши вести“, ЗХГ објави детали за седницата на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-11-15-at-13.20.27

„Од денешната седница имаме и лоши вести!“, велат од Зелен хуман град и додаваат:

— реклама —

❌ Нашиот втор предлог за дополнување на дневниот ред на истата седница – заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром, Советот одби воопшто да го постави на дневен ред!

— реклама —

Ова беше поднесено заедно со локалните жители поради градење на булевар до основно училиште, уништување на зеленило и креирање на небезбедна околина за децата и жителите на домот за стари лица на таа улица. Еве што се случи:

— реклама —

1️⃣ На граѓаните од Аеродром не им беше дозволено да присуствуваат на седницата, седница што е јавна и на која треба секој според Деловник да добие дозвола за присуство од претседателот на Советот.

2️⃣ Заклучокот на ЗХГ не беше прифатен на дневниот ред од службите и беше ставен на гласање од советниците дали ќе стане дел од дневниот ред.

3️⃣ ЗА предлогот да влезе на дневен ред гласаа само 9 советници, што не беше доволно, а граѓаните од Аеродром беа повторно изневерени.

4️⃣ Сето ова се случи иако предлог-заклучокот го доставивме до сите советници со образложение од 5 страници во кое беа цитирани научни студии и анализи, официјални извештаи и статистики од државни и меѓународни институции и на изработката на оваа издржана анализа работеше мешовит експертски тим од ЗХГ кој се состоеше од стручни лица за урбанизам, сообраќај, хумана медицина, животна средина и правни работи.

5️⃣ Ова се деветте од 45 советници кои гласаа ЗА заклучокот да влезе како точка на дневен ред:

- Драгана Велковска (ЗХГ)

- Горјан Јовановски (ЗХГ)

- Страшо Ангеловски (ВМРО и коал.)

- Василка Китановиќ (ВМРО и коал.)

- Филип Јаневски (ВМРО и коал.)

- Теодора Крстевска (ДОМ)

- Никола Пановски (ЛДП)

- Амар Мециновиќ (Левица)

- Александар Николовски (Левица)

Ова се советниците кои воопшто имаа желба да се отвори дискусија по оваа точка за да се спречат штетни последици по јавниот интерес.

✊ Ние нема да се откажеме од борба, но овој случај е очебиен пример колку е неопходно мнозинство од независни членови на локалните совети кои НЕ гласаат според директиви од центри на моќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања