Владата ја разгледа Информацијата за состојбата со набавката на локомотивите за потребите на Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените 4 локомотиви, во рамките на заемот од Европската банка за обнова и развој, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури со наведени причини зошто не е направен технички прием. Владата ги задолжи Органите на управување на Железници на Република Северна Македонија - Транспорт АД Скопје, да формира интерна Комисија која детално ќе ја разгледа и ќе ја прикаже состојбата од технички и правен аспект, со хронологија на настаните, и да ангажира правна помош од надворешно лице, со искуство во арбитражи, кое врз основа на целокупната документација ќе може да и даде насока на Владата за правните можности со цел да се изготви Акциски план и Стратегија за понатамошно постапување за нереализираната набавка.