Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Од два патнички авиони на скопскиот аеродром вратени вкупно 26 странски државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
aerodrom-skopje-2

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:

-Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

— реклама —

Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

— реклама —

Во меѓувреме попладнево, на корона вирус се тестирани уште 8 пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања