Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од Горно Лисиче кон Крушево: Околу 40 коњаници ќе учествуваат на традиционалниот Илинденски марш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryutbocfuca2kjdCyWWgF

Во пресрет на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, на 27 јули ќе започне 48. традиционален Илинденски коњички марш, во организација на Здружението „Илинденски марш 1978“.

— реклама —

Свеченото испраќање на коњаниците ќе се одржи во 18 часот од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат на пат кон Крушево, продолжувајќи ја традицијата што се негува речиси пет децении во чест на илинденците.

— реклама —
— реклама —

На 31 јули, учесниците од Горно Лисиче ќе им се придружат на коњаниците од Свети Николе, Кичево и Битола, со што ќе биде испратена порака за единство, зачувување на традицијата и оддавање почит на македонската историја.

— реклама —

Од Општина Аеродром ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање и заедно да им оддадат почит на илинденските херои и на вредностите што ги оставиле како трајно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања