Промени тема
Контакт

Од јануари 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за заштита на стандардот на домаќинствата во услови на енергетска криза, вели СДСМ.

„Успеавме и во време на кризи да обезбедиме 80.000 работници од први април да добиваат минимална плата од 18.000 денари. Следува и ново зголемување на пензиите откако со редовно законско усогласување минатиот месец пораснаа за 2.9 отсто.

Досега, со брзата и навремена реакција, спречивме енормен раст на сметките за струја откако ги активиравме сите расположливи капацитети за производство на струја со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја. На тој начин спречивме ценовен шок за граѓаните и го заштитивме стандардот.

— реклама —

7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а Владата подготвува нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија.

— реклама —

ДДВ-то за електична енергија го намаливме од 18 на 5 отсто со што им помагаме на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.

— реклама —

Од први март до 31 мај Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата, односно на мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%. Станува збор за производите кои досега беа замрзнати, а сега се додадени и овошјето и зеленчукот.

СДСМ како одговорна и државотворна партија, останува целосно посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања