Од јануари, Јакимовски ќе ги брка сите деца од други општини запишани во градинките во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
jakimovski-1-960x600-1

Стевчо Јакимовски, старо-новиот градоначалник на Карпош, во утринската емисија на ТВ Алфа објави дека од 1 јуни 2022 се враќа реонизацијата. Тоа значи дека децата што не се од оваа општина нема да може да бидат згрижени во градинките на територијата на Карпош.

— реклама —

- Најверојатно јас ќе предложам на Советот овие деца што се од други општини да останат кај нас до 1 јуни 2022. После 1 јуни, ги известуваме граѓаните да си најдат каде нивните деца ќе продолжат да бидат сместени, затоа што мора да обезбедиме простор за децата од Општина Карпош, реле Јакимовски.

— реклама —

Четирикратниот градоначалник на Карпош рече дека буџетот на општината е намален од 11,5 на 5,5 милиони евра и дека следната година ќе биде година на, како што рече, финансиска стабилизација. Тој додаде дека 2,5 милиони евра општината годишно дава за плати на 380 вработени.

— реклама —

- Ако останеме без прихопди, ние не можеме да им служиуме на граѓаните Подготвен сум да извршам одредена редукција, нема логика да немаме инвестиции, а парите да ги трошиме за плати. Подобро да земеме аутсорсинг компанија од Америка, подобро ќе ги услужи граѓаните

Има луѓе кои што ништо не работат, најдов луѓе кои се тројца, живеат во странство, а се на платен список. Има и луѓе кои се уште ги користат мобилните линии, а не се веќе вработени, наведе Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања