Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Од каде се 300.000 евра на ВМОР-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kuzeska

Целата јавност вчера сведочеше на дебакл од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Скапо чини дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ и пропаднатиот митинг со слаб одѕив и лоша организација.

— реклама —

На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.

— реклама —

Превоз за 20.000 членови чини над 200.000 евра. 400 автобуси по околу 400 евра, за комбиња уште 10.000 евра.

За бина, озвучување, светло и струја уште 20.000 евра.

За вода, сендвичи околу 30.000 евра, трошоци за брза помош, пожарна околу 10.000 евра.

— реклама —

Лесно се доаѓа до вкупна сума од 300.000 евра.

300.000 евра во време на криза за пропаднат митинг, слаб протест за задоволување на егото на Христијан Мицкоски.

— реклама —

Сите знаат дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана, а имотот е замрнзат, пред конфискација.

Од каде се 300.000 евра на ВМОР-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања