Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Од Камбовски до Арифи - кој ќе го реформира Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
396386857_276519935371604_6305156327003636374_n

Министерот за правда, Кренар Лога формира работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет.

Според листата на членови на работната група што ја објави министерот, во неа ќе учествуваат судии, професори и експерти од областа на правосудството.

— реклама —

Со работната група ќе претседава Академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите и во неа ќе учестуваат: Маргарита Цаца – Николовска, – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур; д-р Бајрам Положани, поранешен судија на Уставниот суд и професор по уставно право;  Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд; Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд; Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија; Јелена Кадриќ, претставник од Институтот за човекови права; Ивана Петковска, претставник од Коалиција Сите за правично судење; Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија; д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје; д-р Ана Павловска – Данева, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје; Ѓорѓи Радојков, поранешен судија; Ивица Николовски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија; д-р Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа; д-р Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа; Шпенд Деваја – судија во Врховниот суд.

Лога образложи дека потегот следи по Ивештајот на Европската комисија за напредокот за Македонија, каде што е изразена  сериозна загриженост за работата на Судскиот совет.

Имено, во клучните оценки и препораки во делот на функционирање на судството Европската комисија го повикува Судскиот совет да се залага да ја заштити независноста и интегритетот на судиите. Натаму, се нотира контроверзното разрешување на Претседателот на Судскиот совет преку контроверзна постапка со која се доведе во прашање почитувањето на законите и постапките. Обидите на сегашниот Претседател да го ограничи присуството на камерите на седниците на советот” се исто така нотирани, а кои благодарение на интервенциите на граѓанските организации и судско медиумскиот совет претсанаа да бидат пракса.

— реклама —

 

Исто така во извештајот се нотира и ниската доверба на судиите во улогата на Судскиот совет во заштита на судската независност, а согласно оценката на ризикот од корупција во судството, објавена во јуни 2023 година, со која 72% од судиите не се согласуваат со ставот дека Судскиот совет ефективно ја штити судската незавиност.

— реклама —

 

Една од причините за испраќање на оценска мисија од страна на Европската унија за работата на Судскиот совет беа и лоцираните слабости во неговото функционирање изминатиот период.

 

— реклама —

 

Paботната група во својата работа ќе повикува и претставници од сите релеванти органи од областа на правосудство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања