Од контрола на 2184 угостителски објекти, 24 не ги спроведувале одлуките на Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-1

Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата. Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 2184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).

— реклама —

Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања