Поранешната македонска естрадна ѕвезда и ТВ-водителка Хелена Роза се впушта во политичка трка на локалните избори во Нов Зеланд. Таа е кандидатка за советничка функција во општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.
-Драги ФБ пријатели. Имам чест оваа година да бидам кандидат на претстојните локални избори во Нов Зеланд, поточно кандидат за општината Норт Шор, која е дел од Окленд
Доколку не ви е проблем стиснете лајк/фолов на мојата официјална страна.
Секоја ваша поддршка ќе ми значи, порача Хелена Роза во објавата.
Хелена Роза беше препознатливо лице на македонската медиумска и музичка сцена, особено активна во текот на 2000-тите. Пред околу десет години се пресели во Нов Зеланд, каде што живее и работи.
Градот Окленд, каде што се наоѓа општината Норт Шор, е најголемиот и најнаселен град на Нов Зеланд, сместен на Северниот Остров. Се смета за главен економски и културен центар на земјата и е петти по големина град во Океанија.
Фото: ФБ