Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29022024_Grkovska_brifing_Inspekciski-sovet_3

По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од наредниот месец сите останати инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг за новинари, кој го одржаа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска.

— реклама —

Имајќи предвид дека една од примарните цели на дигитализацијата на овие процеси е јакнење на антикорупциските механизми, вицепремиерката Грковска истакна дека инспекторите се лицето на институцијата, затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните, и во таа насока, зголемувањето на контролата и поголемата ефикасност и ефективност во работењето, скратувањето на времето за вршење инспекциски надзор и поголемата транспарентност е важно за јакнење на интегритетот на службениците, за индивидуализирање на одговорноста, но и за подобрување на генералната перцепција за корупцијата на сите нивоа.

— реклама —

Претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска изрази задоволство што пилот- проектот за модернизација на инспекциските служби, кој започна во 2021 со поддршка на УСАИД, а во кој беа вклучени Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, продолжи во насока на развој на овој систем и на останатите инспекторати. Со поддршка на Европската банка за обнова и развој, од крајот на март 2024, сите инспекторати кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет ќе бидат дел од Е-инспектор.

— реклама —

Дополнително, овој проект ќе продолжи кон целосна дигитализација на инспекциската постапка, односно, останатите 12 инспекциски служби, кои во овој момент се организирани како внатрешни организациски единици во состав на органите на државната управа, ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем, во зависност од крајниот исход на сеопфатниот процес на реорганизација и оптимизација на јавната администрација, во кој се вклучени и инспекциските служби.

На брифингот беа споделени информации за придобивките од дигитализацијата на инспекциските надзори и искуствата на инспекторатите во секојдневната работа преку овој информациски систем, кој овозможува намалување на бројот на инспекциски надзори и контроли, фер пристап кон субјектите кои ги почитуваат законите, електронско прибавување на сите потребни податоци, скратување на времето на инспекцискиот надзор, како и заеднички и координирани надзори од повеќе инспекциски служби во исто време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања