Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Од мопед пукал со автоматска пушка кон куќа во Селце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Три лица се приведени во рамки на истрагата за пукањето кон семејна куќа во Тетовско, откако полицијата презела повеќе активности за расчистување на случајот.

— реклама —

На 10 август, во 14:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој се сомничи дека на 8 август, околу 04:20 часот, додека се движел со мопед, испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на 48-годишниот Ш.Б., по што го напуштил местото.

— реклама —

Во рамки на истрагата, на 10 август полицијата со судска наредба извршила претрес во домот и помошните простории на 44-годишниот Д.С. во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 милиметри, две кациги, две камери за видеонадзор и мемориска картичка.

— реклама —

Од слобода била лишена и 58-годишната Ф.С. од Тетово поради сомнение за „помагање“, како и за кривично дело поврзано со неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во врска со настанот, во 23:40 часот во СВР Тетово сама се пријавила и 31-годишната Ф.С. од Тетово.

— реклама —

Тројцата се задржани во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 2 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 3 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања