Од недела Блок 2 ќе биде во функција, а следниот месец и Осломеј, тврди Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vasko-kovacevski-1

Инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава се произведува електрична енергија во капацитети стари 40 години, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

— реклама —

– Се вложува во нив, се инвестира, но не можеме да ги форсираме како што се форсирале во 2011, 2001, 1991 година. Во енергетиката 10 години е далеку, истрошеноста на материјалите е голема. По логиката на нештата, од технички аспект, РЕК „Битола” требаше да биде затворена 2015 или 2017 година, рече Ковачевски при гостувањето во Топ тема на Телма.

— реклама —

Тој нагласи дека се исклучува човечки фактор или саботажа за дефектот во РЕК „Битола”, како што шпекулираа некои медиумите, додавајќи дека трансформаторот е стар и е нормално да не е во добра состојба.

— реклама —

Ковачевски додаде дека во моментов функционираат првиот блок на РЕК „Битола”, Когенеративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот и ветерниот пат во Богданци, додека надвор од употреба се блоковите 2 и 3 во РЕК „Битола”.

– Блок 2 е во сервисни активности и се очекува до крајот на неделата да биде ставен во функција. Во Блок 3 се работи на изгорениот трансформатор, екипите даваат позитивни сигнали, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека поради хаваријата во РЕК „Битола”, морале да набават струја по „хупекс” цена или во спротивно ќе биле принудени неа да ја обезбедат преку европскиот систем за 50 проценти поскапо.

– Имаме закупено капацитети до 21 ноември, онолку колку што треба. Во недела, на 14 или 15, недела спрема понеделник, Блокот 2 ќе биде во функција и очекувам дека со двата блока ќе ги задоволиме најголемиот дел од потребите на „ЕВН хоум”. На 1 декември ќе стартува и нашиот трет капацитет, а тоа е Осломеј, посочи Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања