Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Од неспособни до дебили – така пропаѓаат институциите, а глупоста во општеството нема граници туку се усовршува, критикува професорката Алексиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Коментари
media-library8l81oju9nolf7ueuaxz
Скопје1.мк

Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во објава на социјалните мрежи остро ја критикува состојбата во институциите, предупредувајќи дека институционалната деградација почнува тивко и постепено, но со текот на времето станува нормализирана појава.

— реклама —

Таа ја опишува оваа појава со метафората „гускизам“, според која неспособноста и глупоста се шират постепено, создавајќи систем во кој секој поставува покрај себе уште понекомпетентни луѓе за да ја задржи сопствената позиција.

„Институционалната деградација почнува неприметно лесно. Се движи вертикално лефтерно, како откинат пердув од гуска дур се шепури“, наведува Алексиќ.

— реклама —

Таа објаснува дека, за разлика од граматичкото степенување кое е ограничено на позитив, компаратив и суперлатив, глупоста во општеството е неограничена и може бескрајно да се „усовршува“.

Според неа, постепеното прифаќање на нови глупости доведува до состојба во која луѓето се навикнуваат на деградацијата и ја прифаќаат како нешто нормално.

„Неспособните ќе ставаат крај себе глупави за да изгледаат попаметни; глупавиот ќе става идиоти за да не го оттурнат од позиција; идиотите ќе ставаат дебили за да се заштитат од народот, кој оглупавен станува соучесник во институционалната деградација“, наведува професорката.

Во својата порака таа предупредува дека ваквиот модел на владеење води кон општество во кое деградацијата станува системска, а „гуски во магла“, како што вели, се појавуваат насекаде низ светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања