„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Nikolovski-1

Пет нови директни авиолинии ќе бидат воспоставени од скопскиот аеродром до европски дестинации – најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција. Според него, веќе е потпишан договорот за новите линии, кои ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани.

„Потпишавме договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија“, изјави Николоски.

— реклама —

Првите летови ќе започнат во ноември и декември годинава

— реклама —

„Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага – Скопје“, информираше вицепремиерот.

— реклама —

Со ова, бројот на новоотворени линии во изминатата година се искачува на 16.

„Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година“, нагласи Николоски.

Министерот посочи и дека бројките покажуваат раст на патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома.

„Само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.“

Николоски најави и нови позитивни вести во следниот период.

„Ќе има уште нови авиолинии. Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. Нека е аирлија!“, порача Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-04-at-09.28.35

Во Келн е во тек најголемата евакуација од Втората светска војна, девет училишта и 58 хотели се затворени.

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања