„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Oд ноќеска на полноќ поскапуваат дизелот и бензинот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Benzinski-pumpi-9

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат 2,5 и 3 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 3 денари, на 57,5 денари за литар.

— реклама —

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,5 денара за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,5 денари, 49,5 денари и 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 3,929 денари, на 23,427 денари за килограм.

— реклама —

„Трета недела по ред во просек како продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголеми во просек речиси 23,66 отсто, а кај дизелот зголемувањето е во просек речиси 16,74 отсто. Цената на екстра-лесното масло порасна во просек речиси 20,86 отсто, а кај мазутот се регистрира зголемување во просек речиси 19,69 отсто“, соопштија од РКЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања