„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Од понеделник тестирање за корона вирус ќе може да се закаже преку „Мој термин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06032020_VRSM_Filipce_pres

Од понеделник, лицата кои сакаат да се тестираат за коронавирусот, доколку ги исполнуваат критериумите според утврдените алгоритми, тоа ќе можат да го сторат преку матичните лекари преку „Мој термин“, извести министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Преку „Мој термин“ ќе се закажува земањето брисеви на двата пункта во поликлиниките „Јане Сандански“ и во Чаир. Од денеска ќе почне да функционира и кол-центарот во Здравствен дом – Скопје, а телефонскиот број дополнително ќе биде објавен во текот на денот, со оглед на тоа што телефонските броеви во Институтот за јавно здравје се преоптерени, потенцираше министерот.

Филипче додаде дека на овие броеви можат да се јават сите лица на кои им требаат дополнителни информации во врска со коронавирусот или да се јават доколку имаат симптоми на вирусот. Филипче извести дека здравствените работници се целосно мобилизирани и дека се третираат само итните и малигни случаи.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања