Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.
Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека околу 60 отсто од вкупниот отпад и опожарен материјал веќе е исчистен.
Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.