Министерството за правда ќе почне измени на законот за јазици веднаш штом ќе го добие официјалното мислење на Венецијанската комисија за него, најавуваат од министерството на Рената Дескоска откако во јавноста беше објавена драфт верзија на ова меѓународнот тело дека законот за јазици треба да претрпи сериозни измени, дека е неприменливо во делот на судските постапки и дека иако ги надминува стандардите за употреба на јазиците може да чини многу пари во ситуација кога веќе има закон за употреба на јазиците од 2008 година., објави Сител.
- Мислењето на експертите на венецијанската комисија е класифицирано се до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него. - велат од правда.