Инфлуенсерката Ина Многуфина реагира на новите најави за објектот на Водно – од ресторан со гастрономски специјалитети, преку вртлив ресторан, до кафе-бар без храна – додека останува отворено прашањето како ќе се оди нагоре, со кола?
Има изјава од АЕК дека немало да се отвара патот и немало да има свадби. Ок, ајде сега да ги разгледаме сите изјави по однос на ресторанот. Кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети (извор: Слободен печат). Пред неколку дена објавија дека ќе има ресторан кој ќе се врти, веројатно со надеж дека ќе паднеме во несвест од воодушевување, а нема да прашаме како ќе се оди до таму. Денес, малку ресторанот се модифицира па дознаваме дека тоа е ресторан каде ќе има само пијалоци, веројатно прв од ваков тип во светот бидејќи ресторан по дефиниција е место со храна и пијалоци, а тоа што они го кажаа денес е кафе бар. Значи најново е кафе бар што ќе се врти ќе има горе ама ќе го викаме ресторан. Веројатно, не знам, пошо се изгубени во пиарот не знаат што сакаат да најават. Следиме., напиша таа.