Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Од Шарена очигледно ќе настрадаме само јас и Владимир Куновски, вели Савески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
zdravko-saveski

Од целата одамна заборавена Шарена очигледно ќе настрадаме само јас и Владимир Куновски, вели поранешниот функционер на Левица, Здравко Савески.

„Откако не' влечкаа по судови цели 6 години (со намерен бојкот од медиумите), на само неполн месец пред застарувањето на предметот, нас ќе не' осудат како да сме некои тешки криминалци. Иако имаше 2 ослободителни пресуди од Основниот суд, Апелациониот суд доби напатствија од власта да ја промени пресудата.

— реклама —

Не сакаа да ги сослушаат следоците што ги предложивме. Не сакаа да ни дадат право да дадеме исказ. Не сакаа да ги гледаат снимките од настанот. Веќе се' си знаеја. Не сакаа да земат предвид дека државата веќе ја наплати штетата. Не дозволија ниту завршни зборови на адвокатите и обвинетите. На одбраната ѝ дозволија само едно рочиште во цели 6 години (онака, да не биде без ич), а сето останато време се занимаваа со „доказите“ на обвинителството.

А како шлаг на тортата, ќе ја донесат пресудата по само ден и пол по нецелосните завршни зборови, во петок во 9.

— реклама —

Да кажи човек дека сето ова е шокантно газење на правото од страна на лица што се платени да го штитат правото и што треба да бидат неутрални - значи да се третира ова како исклучок, а не како правило. Нема ниту демократија, ниту правна држава, ниту правда. Има злоупотреба на судството и институциите, при што може криминални дела да поминат неказниво, а може и да те осудат за ништо, без докази и без право да се браниш.

— реклама —

Пресудата не мора да ја носат во петок. Таа одамна е донесена од страна на вонсудски органи“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања