Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Од следната недела ќе биде активирана апликација за следење на луѓето кои имале контакт со заболени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Од следната недела ќе биде активирана нaјавената апликација за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски информира дека со неа ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои самите ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

— реклама —

„Апликацијата ќе ги чува личните податоци на граѓаните до одреден временски период и тие ќе се следат во наредните 14 дена. Во случај некој да се заразил ќе му бидат барани апликациските броеви. Ова е неинвазивна метода, ние помогнавме во технолошкиот дел. Доколку граѓаните не ја симнат апликацијата, нема да има ефект. Ваквата апликација во Сингапур дала многу добри резултати, а ние сме една од ретките земји во Европа која ќе ја користи. Не треба да има стравување за податоците бидејќи старите податоци по 14 дена се бришат“, изјави Манчевски на брифинг со новинарите кој се одржа во Владата преку видео врска.

Тој објасни дека  доколку некој се зарази, тогаш преку неговиот број може да се најде секој кој бил во близина со заразениот во последните 14 дена.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања