Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од срце сме со вас - не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана! Родителите од Кочани понудија каква било помош по трагедијата во Швајцарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryfhaot02omjum7foZW2V
ФБ

Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживaja трагедијата на губење на најблиските во огнена стихија, упатија писмо со сочувство до Швајцарската амбасада. Како што наведуваат, веста за пожарот во Кран-Монтана ги вратила во денот кога нивните животи засекогаш се поделeни на „пред“ и „потоа“.

— реклама —
— реклама —
— реклама —
— реклама —

Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија.

Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“.

Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот.

Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок.

Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка.

Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана.

Во вакви моменти, единственото што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.

Да знаеш дека не си сам во болката.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.

На повредените им посакуваме сила и надеж за закрепнување.

Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање, со тивка поддршка и со срце што знае.

Нека почиваат во мир оние што заминаа, а на живите нека им биде дадена сила да продолжат, пишуваат во писмото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 2 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања